Во рамки на манифестацијата „Зимската приказна“ во Битола, граѓаните со големо интересирање чекаат за да учествуваат во забавите организирани во тематските автобуси.
Журките во движење нудат музика, игри и уникатна атмосфера, а посетителите велат дека ова е одличен начин за забавување и дружење во празничниот период.







