Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која се легализира употребата на канабис за медицински цели, префрлајќи го од колона 1, каде што беше класифициран како строго забранета дрога, во колона 2, која ги содржи супстанците дозволени под строга контрола.
Одлуката е резултат на иницијатива на пратеникот Саша Магазиновиќ од Социјалдемократската партија, кој во соработка со министерката за граѓански работи Дубравка Бошњак, успеал да обезбеди поддршка за промена на досегашната регулатива.
Во колона 2, каде сега се наоѓа канабисот, веќе се вклучени супстанции како опиум и морфин, кои се користат исклучиво за медицински цели согласно здравствените и регулаторни стандарди.
Магазиновиќ истакна дека одлуката е резултат на години борба, соочувања со опструкции и истрајност, со што се создаде можност за легален пристап до медицински канабис за лицата кои тоа го имаат потреба.










