Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Цената на нафтата паѓа најниско за последните пет години – без позитивни очекувања и за следната година

by Redakcija
29.12.2025
in Економија
benzin

Според најновите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), светскиот пазар на нафта би можел да се соочи со значително пренасочување веќе во 2026 година. Агенцијата предупредува дека понудата би можела да ја надмине побарувачката за речиси 4 милиони барели дневно, што најавува нови предизвици за цените на „црното злато“.

Оваа вест доаѓа по година во која цените на нафтата бележат пад од околу 20%, а анализите на експертите најавуваат дека, ако состојбите останат непроменети до крајот на 2025 година, оваа година ќе заврши со најголем пад на цените од 2020-та.

На лондонскиот пазар барелот се тргуваше за 60,64 долари, што е пораст од само 0,2%, додека во САД цената се искачи за 0,1%, на 56,74 долари. И покрај зголеменото производство на ОПЕК и нејзините партнери, побарувачката од најголемите економии на светот не го достигнува очекуваното ниво, што дополнително го притиска пазарот.

Експертите објаснуваат дека единствената поддршка за цените доаѓа од геополитичките тензии, како што е блокадата на испораките од Венецуела, но таа е краткорочна и не може да ја надомести прекумерната понуда. Дополнителен притисок би можел да предизвика евентуален договор за прекин на конфликтот меѓу Русија и Украина, што би овозможило повторно враќање на руската нафта на светските пазари.

Со вакви трендови, аналитичарите предупредуваат дека цените на нафтата можат да останат под притисок и во иднина, што го прави следниот период критичен за глобалниот енергетски пазар.

Next Post
sud

Oштетените ќе сведочат на новото рочиште на судењето за „Пулс“

grcija

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица ќе биде запрен од 12 часот

Препорачани Вести

Експлозија на плинска боца – повредена жена

8 months ago
Оваа општина ќе доделува по 12.000 денари за секое новороденче и пакет производи за мајките

По 12 000 денари за новороденчињата и пакет производи за мајките од Кисела Вода

11 months ago

Популарни Вести

  • Трамп со нов притисок околу Гренланд: Данска не ја гарантира безбедноста на Арктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со навреди кон Европа по најавите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почината жена пронајдена во својот дом во тетовско Јегуновце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Давос под сенката на Трамп: Форумот на моќта меѓу дијалогот и бруталниот реализам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Тетово утре ќе биде без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.