Monday, December 29, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Над 18.000 сообраќајни прекршоци, 123 возачи приведени за безобѕирно управување со возила

by Redakcija
29.12.2025
in Македонија
kamera

Во текот на месец декември, полициските службеници ширум земјата засилија контроли на патиштата, при што беа регистрирани голем број на сообраќајни прекршоци и сторители на кривични дела поврзани со управување возило безобзирно.

Статистиката покажува дека 123 лица биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. Најголем дел, односно 100, биле фатени на дело додека управувале под дејство на алкохол. Триесет и три лица направиле сериозни прекршоци со брзината: 13 возеле побрзо од дозволеното во населено место, седум надвор од населено место, а тројца возачи се движеле во забранет правец.

Платните налози кои се издадени во периодот од 1 до 28 декември изнесуваат вкупно 18.318, од кои 4.019 се за прекршување на пропишаната брзина. Дополнително, полицијата забележала 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 возачи кои немале возачка дозвола и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли опфатија и мотоциклисти и пешаци – 18 мотоциклисти биле казнети за неносење заштитен шлем, додека 415 пешаци не ги почитувале правилата за движење на патот. Исто така, 1.046 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неприкажување на сигурносен појас, а 322 возила биле отстранети од сообраќај поради нерегистрираност и 172 поради техничка неисправност. Дополнително, 101 возач добил казна поради неправилно затемнети стакла на возилата.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека редовните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со цел заеднички да се зголеми безбедноста на патиштата.

Next Post
cacilend

„Чациленд“ исчезна, на негово место ќе се направи Божиќно село

poplava

Европа под удар на екстремни временски непогоди: Шпанија поплавена, Италија заробена во снег

Препорачани Вести

Западните санкции ќе ја чинат Русија најмалку 50 милијарди долари годишно

2 months ago

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

6 days ago

Популарни Вести

  • Марковска: СДСМ и „Поинаку“ не гласаа против изградба на мигрантски кампови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановски: Советниците на СДСМ и Поинаку не гласаа против мигрантски кампови во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 2026 ќе донесе пресврт во градежништвото – а причината е многу едноставна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стратешки предности: Македонските градови со најголемо географско влијание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 3 промили алкохол и агресивно однесување: Полицијата реагираше во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.