Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Oштетените ќе сведочат на новото рочиште на судењето за „Пулс“

by Redakcija
29.12.2025
in Македонија
sud

Со почетокот на сведочењата на оштетените, денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово влегува една од најчувствителните и најтешки фази од судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По воведните излагања на обвинителството и одбраната, судот ќе ги слушне гласовите на оние што ја преживеаја трагедијата и на семејствата што ги изгубија своите најблиски. Токму нивните сведоштва треба да дадат јасна слика за последиците од настанот, но и да ги стават на проверка тезите на обвинението и аргументите на одбраната.

Во оваа етапа од постапката не се одлучува само за висината на материјалната штета, туку и за одговорноста – институционална и индивидуална – за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Сите 34 обвинети физички лица, како и трите правни субјекти опфатени со обвинението, претходно се изјаснија дека не се виновни за делата што им се ставаат на товар.

Пожарот што избувна на 16 март годинава во кочанската дискотека однесе 63 животи, а повеќе од 200 лица беа повредени, дел од нив со тешки и трајни последици.

Надвор од судницата, борбата за правда продолжува со месеци. Родителите и семејствата на загинатите секоја сабота излегуваат на улиците на Кочани со „Маршот за ангелите“, потсетувајќи дека зад бројките стојат човечки животи и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане неказнета.

Next Post
grcija

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица ќе биде запрен од 12 часот

Зеленски шокиран: Трамп открива дека Путин се понудил да помогне

Зеленски шокиран: Трамп открива дека Путин се понудил да помогне

Препорачани Вести

Општина Битола: Привремено затворање на улицата „Бурса“ поради асфалтирање на 14 и 15 април

10 months ago

Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

10 months ago

Популарни Вести

  • Трагедија во Хамбург: Маж повлече девојка под воз, двајцата загинаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД и Израел разгледуваат невиден воен удар врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измамници ја таргетираа старосната популација во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Петров – Македонската гордост во австралискиот спорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД одобруваат големи испораки оружје за Израел и Саудиска Арабија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.