Утре, 30 декември 2025 година, делови од општините Карпош и Кисела Вода ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Нобелова, на крстосницата со улицата Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците од улиците Нобелова, Виенска, дел од улицата Хелсинки и дел од улицата Лондонска, во општина Карпош.
Исто така, поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Жил Верн број 10, од 10:00 часот до завршување на работите, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците Жил Верн и Есенинова, во општина Кисела Вода.










