Граничниот премин Евзони – Богородица денеска се соочува со целосен прекин на сообраќајот, објави АМСМ. Прекинот започна во 12 часот, а според најавите од грчките медиуми, ќе трае во два термини – од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време. Причина за блокадата се протести на грчките земјоделци, кои од 1 декември секојдневно го окупираат преминот со трактори.
И денеска, како и вчера, земјоделците најавуваат две четиричасовни блокади кои ќе го попречат движењето на патнички и товарни возила кон и од Грција, предизвикувајќи застој и нарушување на нормалниот проток на сообраќајот.









