Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Тешко повреден 48-годишен маж од Теарце донесен во тетовската болница

by Redakcija
29.12.2025
in Црна Хроника

На 27.12.2025 во 19:30 часот, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив е донесено едно лице со повреди од остар предмет и во неговата јакна е пронајден нож. Веднаш е постапено по пријавата и е констатирано дека се работи за Е.Б.(48) од с.Теарце, кој поради сериозноста на повредите бил префлен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. Според пријавеното, неговиот брат го пронашол во нивниот дом повреден на подот на кујната. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчера (28.12.2025) во 04:50 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода А.Х.(18) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 27.12.2025 во 17:20 часот во Полициското одделение Жеровјане, М.Л.(49) од с.Челопек пријави дека околу 14:00 часот во Тетово го пронашол неговиот татко Н.Л.(73) од с.Челопек, за кој претходниот ден пријави дека се оддалечил од домот.

На 27.12.2025 во 22:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода А.К.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека извршел кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При преглед во неговото патничко моторно возило „бмв” со гостиварски регистерски таблички, во багажникот се пронајдени и одземени 9095 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 27.12.2025 во 20:45 часот во с.Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Б.Д.(33) од Гостивар. Тој се сомничи дека во последните две недели во викенд куќи во Маврово сторил повеќе кривични дела тешка кражба. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

На 27.12.2025 во 16:00 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја приведоа Н.М.(55) од с.Челопек, тетовско, зато ашто кај неа се пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.12.2025 во 11:40 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода Н.А.(34) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 27.12.2025 во 13:20 часот на ул.„ЈНА” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го приведоа Б.Н.(55) од с.Симница затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документорање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Next Post

Осум приведени возачи во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево и Прилеп

kamera

Над 18.000 сообраќајни прекршоци, 123 возачи приведени за безобѕирно управување со возила

Препорачани Вести

Акциска контрола во објекти на ул. „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово

1 month ago
Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на 50, исчезнати десетици деца

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на 50, исчезнати десетици деца

7 months ago

Популарни Вести

  • Изборот за прв обвинител во Скопје брои пет кандидати

    Изборот за прв обвинител во Скопје брои пет кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силен студ низ Македонија: Утринските температури паѓаат до -10°C

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп: Испробајте ја среќата и избегнете фрустрации со овие совети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две момчиња завршија во болница поради премрзнување при фаќањето на крстот во Вардар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон повикува на меѓународна средба со Трамп околу прашањето за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.