Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

21 милион евра за пет нови електрични локомотиви – модернизиразија на железничката мрежа, вели Николоски

by Redakcija
30.12.2025
in Македонија
voz

Пет нови електрични локомотиви, набавени со заем од ЕБРД, ќе го трансформираат железничкиот транспорт во земјата, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Договорот за заемот денеска го потпишаа Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ.

„Со новите пет локомотиви, комбинирани со четирите понови од постојната флота, ќе имаме девет модерни машини кои целосно ќе го покријат карго-превозот, а дел од нив ќе се користат и за патнички линии“, изјави Николоски. Тој додаде дека од вкупно 11 локомотиви, седум се постари и дека новата инвестиција значително ќе ја подобри ефикасноста на транспортот.

Министерот потенцира дека модернизацијата на железничката флота е особено важна за Коридорот 10, кој се очекува да бележи раст, како и за Коридорот 8, каде се вложуваат значајни средства во инфраструктурата.

Воедно, набавката на новите електрични локомотиви е дел од пошироката стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје преку воведување на градски електричен воз. „Во моментов се работи на првата од три линии, а во следните две години ќе се завршат и останатите. Целта е сите линии да функционираат со електрични возови, со што целосно ќе се елиминира употребата на дизел и ќе се придонесе за почист воздух во главниот град“, рече Николоски.

Тој најави дека следниот чекор е објавување на повикот за набавка на локомотивите, кој се очекува да се реализира до март, во соработка со ЕБРД, по што ќе започне испораката на новата флота.

Next Post

Ивановски: Советниците на СДСМ и Поинаку не гласаа против мигрантски кампови во Битола

vlada

Владата ја усвои реформата: Предлог-законот за јавно обвинителство официјално усвоен

Препорачани Вести

Папата долго време размислувал за својот погреб: Ова била неговата последна желба

Објавен тестаментот на папата Франциск – ова е неговата последна желба

9 months ago
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице

8 months ago

Популарни Вести

  • Голема акција во Грција: Откриена криминална група која крадела гориво со нелегален софтвер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го фати возачот кој леташе со 293 км/ч на автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од полноќ нови цени на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска Кочоска: Светска банка со поддршка од 695 милиони долари за клучни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со провокативни објави за Канада и Гренланд: „Императив за безбедноста на САД“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.