На 29.12.2025 во 23:30 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од тетовско пријавила дека околу 22:35 часот во возило на кружниот тек од ул.,,Илинденска“ со ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, таа и нејзиниот пријател Л.Б.(41) од Тетово биле физички нападнати од нејзиното поранешно момче Е.Д.(30) од гостиварско. Исто така, во 23:50 часот во Полициско одделение Камењане, Е.Д.(30) пријавил дека во 23:30 часот во Тетово, бил физички нападнат од Л.Б. од Тетово, кој бил заедно со неговата поранешна девојка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.









