Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Грабеж во Германија: од трезор на банка исчезнале околу 90 милиони евра

by Redakcija
30.12.2025
in Свет

Спектакуларен грабеж е регистриран во германскиот град Гелзенкирхен, каде што крадци пробиле ѕид и од трезорот на филијала на банката Шпаркасе однеле имот вреден околу 90 милиони евра, соопшти германската полиција.

Со кражбата се оштетени околу 2.700 клиенти на банката, потврдија од Шпаркасе, а денеска пред филијалата се собраа стотици гневни штедачи барајќи објаснување и пристап до своите пари. Банката и денеска останала затворена за јавноста.

Грабежот бил откриен вчера, кога нешто пред 4 часот наутро се активирал противпожарниот аларм, по што на местото пристигнале полицијата и пожарникарите. При увидот, тие пронашле голема дупка во ѕидот и целосно пребаран трезор.

Според првичните информации од истрагата, сторителите користеле моќна дупчалка за да го пробијат ѕидот и да влезат во трезорот. Сведоци изјавиле дека за време на викендот забележале неколку мажи како носат големи торби во блиската гаража.

Полицијата ја продолжува истрагата и трага по сторителите, а случајот веќе е оценет како еден од најголемите банкарски грабежи во последните години во Германија, пренесува ДПА.

Next Post

МБИ10 со благ пад од 0,14%, без активности на обврзничкиот пазар

policija

Антитерористичка офанзива во Турција: Приведени 357 осомничени за поврзаност со ИД

Препорачани Вести

Светот во петок ќе го дознае името на новиот папа

Светот во петок ќе го дознае името на новиот папа

9 months ago

Драма пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж!

11 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.