Кина го засили своето воено присуство околу Тајван, изведувајќи масовни поморско-воздушни вежби што вклучуваа разорувачи, фрегати, ловци и бомбардери. Копнените сили, пак, испукаа боева муниција кон водите северно од островот, според портпаролот на Источната команда, Ли Си, со цел „постигнување на посакуваните ефекти“.
Според тајванското Министерство за одбрана, во последните 24 часа е забележан премин на 130 кинески авиони и 14 воени бродови, од кои дури 90 летала ја преминале средната линија на Тајванскиот Теснец. Тајпеј веднаш одговори, активирајќи авиони, бродови и крајбрежни ракетни системи за да ја обезбеди одбраната на островот.
Државната кинеска агенција Синхуа го оцени маневрите како јасна порака против „сепаратизмот“ и предупреди дека секоја ескалација ќе биде сретната со „посилни контрамерки“. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, истакна дека не бил претходно известен за вежбите, но дека не гледа причина за загриженост, поради „одличниот однос“ со кинескиот лидер Си Џинпинг и уверувањето дека напад врз Тајван не е веројатен.










