Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (30 декември 2025 година) без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе села во тетовскиот регион. Струја нема да има во дел од селото Слатино, дел од селото Сараќино (кај црквата), како и во дел од селото Камењане. Прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 14:30 часот. Надлежните информираат дека станува збор за редовно одржување и апелираат граѓаните да ги приспособат своите активности.








