Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

СТРОГИ САНКЦИИ ЗА ПОВТОРЕНИ ПРЕКРШОЦИ – Од 1 февруари целосно стартува системот „Безбеден град“

by Redakcija
30.12.2025
in Македонија

Со стартот на системот „Безбеден град“ од 1 февруари, Македонија воведува значително построги правила и санкции во сообраќајот. Законските измени, усвоени во декември, овозможуваат целосна примена на автоматизиран надзор, дигитална комуникација со возачите и ригорозни мерки за повторени и тешки прекршоци.

Секој сообраќаен прекршок евидентиран со камери ќе биде автоматски доставен до возачот преку СМС порака и електронска пошта, заедно со записник и фотографија. Доколку казната се плати во рок од осум дена, таа ќе се намали за 50 проценти. Возачите и сопствениците на возила имаат обврска во рок од три дена да пријават промена на телефонски број или е-пошта, во спротивно следува глоба од 100 евра, а санкции се предвидени и за правни лица.

Новините носат и построги последици за повторени прекршоци. Ако возач во период од четири години трипати добие правосилна забрана за управување возило од иста категорија, судот задолжително ќе ја одземе возачката дозвола. Повторно полагање нема да биде дозволено најмалку една година, а мерката ќе важи и на граничните премини. Истото правило ќе се применува и за странски државјани со странски возачки дозволи.

Законот предвидува и кривична одговорност со затворска казна од три месеци до три години и парични глоби за тешки прекршоци како возење под дејство на дрога, алкохол над 1,5 промили, возење во спротивна насока, драстично пречекорување на брзината и опасно претекнување. Во случаи на тешки дела и повторени прекршоци, судот ќе има можност да го одземе и возилото на сторителот.

Next Post

Антикорупциска во 2026 година ќе следи имотната состојба на 60 функционери, меѓу кои судии, обвинители, пратеници, министри и градоначалници

Осумгодишник се здобил со повреди откако му пукнала петарда

Препорачани Вести

Карапетров: Реконструкција на детското игралиште и асфалтирање на улица 180 во Тетово

4 months ago
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата

Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата

11 months ago

Популарни Вести

  • Од полноќ нови цени на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска Кочоска: Светска банка со поддршка од 695 милиони долари за клучни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со провокативни објави за Канада и Гренланд: „Императив за безбедноста на САД“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВРЕДИ бара целосна истрага по пронајдените 350 илјади евра кај судијата Ристов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинските министри во Давос: За одбраната се потребни до 700 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.