Tuesday, December 30, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп потврди уништување на пристаниште во Венецуела 

by Redakcija
30.12.2025
in Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските сили извршиле напад врз пристаниште во Венецуела кое, според него, го користеле бродови осомничени за трговија со наркотици. Нападот најверојатно претставува прв копнен удар врз Венецуела од почетокот на американската кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка.

„Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите беа натоварени со дрога. Ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа, која е целосно уништена“, изјави Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Трамп не ја откри точната локација на нападот и не прецизираше дали операцијата ја извршила армијата или ЦИА. Според извори на Си-ен-ен и Њујорк тајмс, нападот бил извршен со дрон насочен кон изолирано пристаниште кое го користи венецуелскиот нарко-картел „Трен де Арагва“ за складирање дрога и товарење бродови за извоз. Во времето на нападот таму немало лица, па нема загинати.

Американските сили досега извршија околу 30 напади врз бродови на осомничени трговци, при што загинаа речиси 107 лица на Карибите и во Тихи Океан.

Вашингтон со месеци врши притисок врз Каракас, обидувајќи се да го принуди претседателот Николас Мадуро да ја напушти функцијата. Владата на Венецуела и Мадуро негираат каква било вмешаност и ги обвинуваат САД за обиди за соборување на владејачкиот режим и преземање на венецуелските нафтени полиња.

Трамп претходно најави можност за копнени операции против наркокартелите во Јужна Америка, но такви акции до сега не биле официјално потврдени.

Next Post

Рама најавува производство на оклопни возила и борбени дронови во Албанија

Пукање во Будва – полицијата го блокира градот, едно лице загинато

Препорачани Вести

Македонската песна ги обедини: Силјаноски со Јанко и неговиот колумбиски бенд кој ја промовира Македонија

6 months ago
Николоски оствари средба со Герет Томас, министер за економија и извоз на Велика Британија: Најавена економска соработка

Николоски оствари средба со Герет Томас, министер за економија и извоз на Велика Британија: Најавена економска соработка

8 months ago

Популарни Вести

  • Белорусија става руски хиперсонични ракети „Орешник“ во борбена готовност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заталкан куршуми оштетиле БМВ – Полицијата извршила увид на местото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција ги брише „вечните студенти“: 280.000 неактивни студенти ќе бидат отстранети од универзитетските евиденции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејна трагедија во Хрватска: Татко го застрелал синот со аутизам, па извршил самоубиство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обвинителката побара најстрога казна за штипскиот угостител

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.