Tuesday, December 30, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп потврди уништување на пристаниште во Венецуела 

by Redakcija
30.12.2025
in Свет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските сили извршиле напад врз пристаниште во Венецуела кое, според него, го користеле бродови осомничени за трговија со наркотици. Нападот најверојатно претставува прв копнен удар врз Венецуела од почетокот на американската кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка.

„Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите беа натоварени со дрога. Ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа, која е целосно уништена“, изјави Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Трамп не ја откри точната локација на нападот и не прецизираше дали операцијата ја извршила армијата или ЦИА. Според извори на Си-ен-ен и Њујорк тајмс, нападот бил извршен со дрон насочен кон изолирано пристаниште кое го користи венецуелскиот нарко-картел „Трен де Арагва“ за складирање дрога и товарење бродови за извоз. Во времето на нападот таму немало лица, па нема загинати.

Американските сили досега извршија околу 30 напади врз бродови на осомничени трговци, при што загинаа речиси 107 лица на Карибите и во Тихи Океан.

Вашингтон со месеци врши притисок врз Каракас, обидувајќи се да го принуди претседателот Николас Мадуро да ја напушти функцијата. Владата на Венецуела и Мадуро негираат каква било вмешаност и ги обвинуваат САД за обиди за соборување на владејачкиот режим и преземање на венецуелските нафтени полиња.

Трамп претходно најави можност за копнени операции против наркокартелите во Јужна Америка, но такви акции до сега не биле официјално потврдени.

Next Post

Рама најавува производство на оклопни возила и борбени дронови во Албанија

Пукање во Будва – полицијата го блокира градот, едно лице загинато

Препорачани Вести

Затоплете го домот со овој неверојатен трик, без дополнителни парични средстваЗатоплете го домот со овој неверојатен трик, без дополнителни парични средства

11 months ago
Апсења на неколку локации во Скопје – ова се деталите

Апсења на неколку локации во Скопје – ова се деталите

7 months ago

Популарни Вести

  • Новогодишна радост за најмладите во Пустец благодарение на МАЕИ и „Ротари клуб“ Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Антитерористичка офанзива во Турција: Приведени 357 осомничени за поврзаност со ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МБИ10 со благ пад од 0,14%, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грабеж во Германија: од трезор на банка исчезнале околу 90 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Епл со важно предупредување до корисниците на Ајфон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.