Wednesday, December 31, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДКСК ги проширува контролите: 60 функционери под радарот за имотна состојба и судир на интереси во 2026

by Redakcija
31.12.2025
in Македонија
ДКСК ги проширува контролите: 60 функционери под радарот за имотна состојба и судир на интереси во 2026

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 26. седница го усвои Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2026 година. Планот предвидува проверка на имотната состојба и можен судир на интереси кај 60 функционери, како и кај 10 судии, 10 јавни обвинители, 10 пратеници, 10 министри, 10 актуелни градоначалници и 10 лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник. Имињата на овие лица ќе бидат утврдени во јануари, врз основа на анализа на електронската база на податоци.

Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, истакна дека при подготовката на планот биле земени предвид препораките на Европската комисија за зајакнување на следењето на имотната состојба, како и годишните анализи и оценка на ризикот од корупција во четирите главни области: правосудството, законодавната власт, извршната власт и локалната самоуправа.

„Имајќи ги предвид препораките од Европската комисија, предлагаме да се зголеми бројот на функционерите опфатени во следењето на имотната состојба и судирот на интереси на 60“, појасни Чучуљ.

Покрај тоа, на седницата ДКСК ја усвои и Програмата за работа за 2026 година, која вклучува стратешки определби за исполнување на законските надлежности на Комисијата, препораки од извештаите на Европската комисија и ГРЕКО, како и мерки и активности од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021–2030.

Членовите на Комисијата го усвоија и Годишниот план за спроведување антикорупциска проверка на легислативата. Антикорупциската проверка ќе се однесува на законот за лобирање, законот за локална самоуправа, законот за вештачење, законот за финансирање на политички партии, правилникот за доделување лиценци на здравствените работници со високо образование и законот за заштита на културното наследство.

Исто така, ДКСК го стави вон сила упатството за рангирање на предметите по доставени пријави од 2021 година, бидејќи покажало дека создава простор за субјективност и не давало резултати. Со измените во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Деловникот за работа, ќе се регулира начинот на постапување и рангирање на предметите.

Чучуљ нагласи дека до Комисијата секоја година пристигнуваат голем број пријави, од кои дел се паушални и не се во надлежност на ДКСК, па со новите мерки се очекува постапките да бидат појасни, поефикасни и транспарентни.

Next Post
Нова Македонија: Моќна слика на целокупната македонска култура и идентитет

Нова Македонија: Моќна слика на целокупната македонска култура и идентитет

Коњановски ги покани битолчани да ја дочекаат Новата година пред Офицерскиот дом

Препорачани Вести

Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче

Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче

10 months ago
Полицијата на нозе: Исчезна 13-годишно дете

Полицијата на нозе: Исчезна 13-годишно дете

10 months ago

Популарни Вести

  • Николоски: По повеќе од шест децении легализиран Охридскиот аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една лиценца користена во 16 клубови: Кривична пријава против фирма од Кадино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Празничната магија продолжува: Новогодишниот воз сообраќа и во првите денови од јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со нови предупредувања за патување: Македонија и Хрватска во групата земји со зголемен безбедносен ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски ги покани битолчани да ја дочекаат Новата година пред Офицерскиот дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.