Европските земји планираат да испратат меѓу 10.000 и 15.000 војници во Украина во првите шест месеци по евентуалниот прекин на огнот, пишува германскиот весник „Ди Велт“. Силите би имале задача да го надгледуваат почитувањето на прекинот на огнот меѓу Русија и Украина.
Според дипломатски извори од Брисел, плановите за безбедносни гаранции веќе се подготвени, а главна улога во развојот имале воени експерти од Обединетото Кралство и Франција, во соработка со Брисел. Франција и Обединетото Кралство се подготвени да го надгледуваат прекинот на огнот и со копнени сили, дури и без мандат од Обединетите нации или Европската Унија, доколку Украина го побара тоа.
Надзорот од воздух и море би го обезбедувале соседните земји, додека Турција има значајна улога во контрола на регионот на Црното Море. Оваа мисија би требало да овозможи стабилност и да ја гарантира имплементацијата на прекинот на огнот веднаш по завршувањето на конфликтот.










