Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Гувернерот Славески најавува брз економски раст во 2026: Цените и девизниот курс остануваат стабилни

by Redakcija
31.12.2025
in Економија
trajko slaveski

Народната банка очекува следната година да донесе забрзување на економскиот раст, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во разговорот за подкастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на „Банкарство.мк“. Според него, главните двигатели на растот ќе бидат планираните инфраструктурни проекти и зголемената приватна потрошувачка, што треба да ја поттикне домашната економска активност.

„Наш приоритет останува макроекономската стабилност – сигурен темел за одржлив раст. Верувам дека 2026 година ќе биде подобра од изминатите години“, нагласи Славески. Тој додаде дека Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на девизниот курс и инфлацијата, со цел да се зачува куповната моќ на граѓаните.

Гувернерот, сепак, предупреди дека ризиците не се отстраниле. Геополитичката неизвесност, особено конфликтот во Украина, санкциите, растот на воените буџети во Европа и трговските односи меѓу големите економски сили како САД и Кина, може да влијаат на економските текови.

„Европската Унија останува клучен фактор за нашата економија. Состојбата во земјите членки директно ја обликува нашата инфлација и домашниот раст“, истакна Славески. Во таа насока, Народната банка ќе продолжи внимателно да ги следи меѓународните економски трендови и ќе работи на одржување на стабилноста во сите аспекти на макроекономијата.

Next Post
traktor

Евзони без блокади до петок: Непречен премин на границата

voz

Трагедија на патот кон Мачу Пикчу: Судир на возови во Перу со бројни жртви

Препорачани Вести

Никнува нов град вреден 5,5 милијарди долари: Лесно ќе погодите кој стои позади овој мега-проект

Никнува нов град вреден 5,5 милијарди долари: Лесно ќе погодите кој стои позади овој мега-проект

9 months ago

Голема полициска акција во Скопје: Разбиена организирана криминална група

3 months ago

Популарни Вести

  • МБИ10 со пад од 0,23%, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден пешак во сообраќајка на бул. „Илинденска“ во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција во Грција: Откриена криминална група која крадела гориво со нелегален софтвер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го фати возачот кој леташе со 293 км/ч на автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од полноќ нови цени на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.