На 30.12.2025 на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа Б.А.(50) и А.А.(48), двајцата од Тетово и Х.М.(55) од с.Челопек, општина Брвеница, затоа што кај нив се пронајдени одземени пиротехнички средства. По документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.









