Wednesday, December 31, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Полициска акција низ државата: Возачи со над 3 промили алкохол завршија во станица

by Redakcija
31.12.2025
in Црна Хроника

Лишени од слобода возачи во Кочани, Делчево, Кичево, Битола и Куманово, управувале возила под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајна незгода

На 30.12 2025 во 20:56 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Б.(28) од с.Грдовци, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од с.Чифлик, кочанско, а при преземање мерки е констатирано дека А.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта.

На 31.12.2025 во 01:30 часот на ул.„ Кеј на Брегалница“ во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(36) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 30.12.2025 во 16:37 часот на експресниот пат Кочани-Штип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.А.(48) од с.Трсино, виничко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,04 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 04:00 часот на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 30.12.2025 во 23:17 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ф.(33) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 01:42 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.М.(54) од с.Брусник, битлско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 31.12.2025 во 03:45 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.А.(29) од с.Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

На 30.12.2025 во 23:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Т.Д.(57) и Ф.Д.(60), двајцата од Штип и О.С.(39) од Струга. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,04 промили алкохол во крвта. При обид да го лишат од слобода, неговите сопатници О.С.(39) од Струга и Ф.Д.(60) од Штип, агресивно се однесувале и ги попречувале полициски службеници, по што и тие се лишени од слобода.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Next Post

Снежна бура ја зафати Турција: Летовите редуцирани, граѓаните предупредени на внимателност

Полициска акција на Градскиот плоштад во Тетово - Приведени три лица 

Препорачани Вести

Украински дронови предизвикаа хаос во Санкт Петербург, аеродромот затворен

4 months ago

Огласот за финансиска поддршка за електричната енергија истекува за 5 дена

9 months ago

Популарни Вести

  • Нова Македонија: Моќна слика на целокупната македонска култура и идентитет

    Нова Македонија: Моќна слика на целокупната македонска култура и идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Среќна Нова година и Божик за сите граѓани на Пробиштип (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДКСК ги проширува контролите: 60 функционери под радарот за имотна состојба и судир на интереси во 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сообраќајка во Тетовско: Едно лице тешко повредено, две деца меѓу повредените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на Градскиот плоштад во Тетово – Приведени три лица 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.