Friday, January 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Царинската управа го забрза растот: приходите за 2025 година скокнаа на 2,14 милијарди евра

by Redakcija
02.01.2026
in Економија
pari

Во 2025 година, Царинската управа оствари наплата на приходи од 131,6 милијарди денари (2,14 милијарди евра), што претставува пораст од 5,2% или 105,1 милион евра во споредба со претходната година.

Растот е забележителен во речиси сите категории на приходи. Најзначаен е скокот кај приходите од царина, кои се зголемија за 15,5%, следени од данокот на моторни возила со 12,5%, акцизите со 5,9% и ДДВ-то при увоз кое се зголеми за 3,2%.

„На годишно ниво, континуирано бележиме раст на приходите, а највисок процентуален пораст од 10,6% е забележан во декември, кога наплатата достигна 190,2 милиони евра. Кумулативно, за целата 2025 година наплативме 2,14 милијарди евра, што е за 105,1 милион евра повеќе од 2024 година. Овие бројки јасно ја покажуваат зголемената ефикасност на Царинската управа во собирањето на средства“, истакна директорот Бобан Николовски.

Според него, растот на приходите значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе придонесат за одржлив економски развој. „Со овие средства ќе се инвестира во здравство, образование, нови градинки и училишта, како и во патна и железничка инфраструктура“, додаде Николовски.

Next Post

Инцидент во скопска здравствена установа: полицијата приведе пет лица

КОЊАНОВСКИ И БОЈКОСКИ НА СРЕДБА СО НАЧАЛНИКОТ НА СВР БИТОЛА

Препорачани Вести

Успешна трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија – нова етапа во македонската хирургија

4 months ago
Претседателот на ОО СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка: Потребно е одговорност да понесат и Филипче и целото раководство на партијата

Претседателот на ОО СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка: Потребно е одговорност да понесат и Филипче и целото раководство на партијата

2 months ago

Популарни Вести

  • Уапсени 5 лица во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија под удар на дожд и обилен снег: Надлежните со предупредување до возачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Законот за вработување и поддршката на инвестиции создаваат сигурна економска клима

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Празнична манифестација во Пробиштип: бадникови гранчиња и коледарски оган

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир, екипи на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.