Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Финска уапси членови на екипажот на „Фитбург“ по оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

by Redakcija
02.01.2026
in Свет

Хелсинки – Финските власти уапсија двајца членови на екипажот на товарниот брод „Фитбург“ поради оштетување на подводни телекомуникациски кабли што ги поврзуваат Хелсинки и Талин, додека на двајца други им е забрането патување.

Штетата на каблите, кои се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална инфраструктура, беше откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона, откако каблите биле прекинати претходно оваа недела.

Бродот „Фитбург“, кој плови под знамето на Свети Винсент и Гренадини, отпловил од Санкт Петербург кон израелското пристаниште Хаифа. Во екипажот од 14 члена има државјани на Русија, Грузија, Азербејџан и Казахстан. Според Финската полиција, бродот го влечел сидрото по морското дно со часови пред да биде забележан во ексклузивната економска зона на Финска.

Началникот на финската полиција, Илка Коскимаки, нагласи дека истражителите засега се воздржуваат од шпекулации дали зад оштетувањето стои државен субјект.

Дополнително, Финската царина соопшти дека „Фитбург“ превезувал руски челик кој е под санкции на Европската Унија, и започнала истрага за можен нелегален товар на бродот.

Next Post

Доаѓа студен бран на Балканот

Грабеж на векот во Германија: 90 милиони евра украдени од банкарски сефови во Гелзенкирхен

Препорачани Вести

Чадењето од депонијата „Дрисла“ значително намалено, утре продолжува затрупувањето

4 months ago

Претреси во три автосервиси – во службени возила на СОЗР ставале половни делови, а ги наплаќале како нови

12 months ago

Популарни Вести

  • One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новата измама што краде WhatsApp сметки преку фишинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските и регионалните превозници најавуваат блокада на граничните премини со земјите од ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристовски во интервју за Канал 5: Министерството за спорт создава стабилна основа за развој на македонскиот спорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени два килограми дрога во Валандовско, четворица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.