Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Градоначалникот Менди Ќура го честита првото бебе на Струга за 2026 година со посета кај мајката

by Redakcija
02.01.2026
in Македонија
Градоначалникот Менди Ќура го честита првото бебе на Струга за 2026 година со посета кај мајката

Струга денеска доби посебен повод за радост – првото бебе родено во градот оваа година, малата Надја, беше посетена од градоначалникот Менди Ќура и неговиот тим. Девојчето се роди со импресивни 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со својата мајка Милица, за која ова е трето дете.

Градоначалникот ја искористи посетата за да им упати искрени честитки и најдобри желби за здравје и среќа, посакувајќи ѝ бериќетно и радосно детство на малата Надја, како и многу љубов и топлина во семејниот дом.

„Овој радосен настан носи посебна симболика – е нов почеток за целото семејство, но и за нашата заедница. Со секое новороденче, Струга добива надеж и свежа енергија“, истакна градоначалникот Ќура.

Посебна благодарност беше упатена до директорот Бунчески и целиот тим на Гинеколошко-акушерското одделение, чија посветеност и професионализам, дури и по целоноќно дежурство, донесоа насмевки и топло добредојде за мајката и бебето.

Честитки за тимот кој го следеше породувањето и грижата за мајката и детето беа упатени и до раководителката на одделението, д-р Виолета Насуфи Расиди, главната акушерка Гордана Пејоска, дипломираните акушерки Снежана Миливојевиќ и Татјана Кутаноска, како и акушерката Марјана Петреска. „Вашата работа е гаранција за сигурност, доверба и нови животи во нашиот град“, додаваат од Општина Струга.

Next Post
trump

Трамп предупредува: САД ќе дејствуваат ако Иран и понатаму насилно ги гуши мирните протести

Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

Препорачани Вести

Трагедија на македонските патишта – Возач го загуби животот

3 months ago
Станија без градник го бодреше Ѓоковиќ во Мајами (ФОТО)

Станија без градник го бодреше Ѓоковиќ во Мајами (ФОТО)

10 months ago

Популарни Вести

  • Пијан возач од тетовско фатен како вози во спротивен правец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рено ќе произведува воени дронови за француското министерство за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со новата програма, културниот живот во Битола станува поразновиден и поквалитетен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од општините Гази Баба и Ѓорче Петров без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DeepMind го надградува Gemini со емоции: Новата соработка со Hume AI ветува „емоционална свест“ кај вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.