Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ИЗМАМА СО ЛАЖНА ПРОДАЖБА НА КУЌА ВО ТЕТОВО – МВР СО ДЕТАЛИ

by Redakcija
02.01.2026
in Црна Хроника

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против четири лица од Тетово и околните општини поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавени се Ш.Ф. (54) од Тетово, М.Ф. (29) од село Долно Количани, општина Студеничани, И.А. (54) од село Шемшево, општина Јегуновце и З.З. (48) од Тетово.

Според информациите од полицијата, прво- и второпријавениот во декември 2024 година со лажно прикажување на факти измамиле жена, уверувајќи ја дека ќе ѝ посредуваат при купување куќа во Тетово, наводно сопственост на нивни роднини, за цена од 135.000 евра. Оштетената во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра.

Во март 2025 година, откако открила дека недвижноста е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, третопријавениот ја одвратил од таа намера. Подоцна, тој го запознал и четвртопријавениот со случајот, по што оштетената по извесен период добила назад 5.100 евра.

Останатиот износ, како што наведуваат надлежните, пријавените го задржале за себе, по што ја блокирале оштетената на социјалните мрежи и ѝ оневозможиле понатамошен контакт со нив.

Next Post
pari

Царинската управа го забрза растот: приходите за 2025 година скокнаа на 2,14 милијарди евра

Инцидент во скопска здравствена установа: полицијата приведе пет лица

Препорачани Вести

Индија ги повика своите граѓани да го напуштат Техеран поради влошената безбедносна ситуација

7 months ago

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

11 months ago

Популарни Вести

  • Планирани прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово и тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јанкулоска: СЈО работеше политички, не по закон. Парадираа како холивудски ѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телма: Со гаранција во недвижен и движен имот од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во хрватска банка: Две жени краделе пари од клиентите 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елон Маск: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката до 2031

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.