Friday, January 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Народни верувања за Свети Игнат: Каков ќе биде денот, таква ќе биде и годината

by Redakcija
02.01.2026
in Магазин

Денес, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, празник кој во народното верување има особено значење. Се смета дека од овој ден почнува да се зголемува денот, симболично означувајќи почеток на нова животна енергија и нов циклус.

Според народните преданија, она што ќе се прави и што ќе се случува на овој ден ќе го следи човекот во текот на целата година. Оттука и верувањето дека каков ќе биде денот на Свети Игнат, таква ќе биде и целата година – мирна или немирна, радосна или тешка.

Посебно внимание се посветува на првиот човек што ќе влезе во домот. Се верува дека млад, здрав и ведар гостин носи среќа, бериќет и радост, додека ако прв влезе старец или старица, тоа се толкувало како знак за потешка и неповолна година.

Затоа, според обичаите, денот треба да помине во добро расположение, без кавги и нервози. Се советува да се прават убави дела, да се мисли позитивно и да не се прави ништо што човек не би сакал да го следи во текот на целата година.

Во народот се вели и дека е добро пред спиење да се прочитаат неколку страници од книга, за „умно и мирно да тргне годината“. Празникот е и потсетник да се посвети внимание на блиските, да се изрази благодарност и да се започне новата година со мир, љубов и добра мисла.

Next Post

Обвинение против 9 лица за злоупотреби во јавни набавки - ОЈО со детали

brza pomos

Двегодишното дете кое за време на новогодишната ноќ беше повредено почина

Препорачани Вести

Шефот на НАТО се потсмева на Русија поради сцена во Северното Море: „Осамена и расипана, влечкајќи се враќа дома“

3 months ago

ФФМ донира 2000 фудбалски топки: Фудбал за сите, без исклучоци

7 months ago

Популарни Вести

  • Градоначалникот Коњановски ја посети противпожарната единица во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патарините донесоа приходи од над 4,1 милијарда денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на новогодишната ноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крипто-трговец заработи милионски профит на Нова година поради необична грешка на крипто-платформа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вознемирувачко видео од Гостивар: 17-годишник пука со пиштол во бар 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.