петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Шокантна снимка од пожарот во бар во Швајцарија: Гостите играле и снимале додека плафонот бил во пламен

by Redakcija
02.01.2026
in Свет

Нова видео снимка од почетокот на пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана открива вознемирувачки сцени од однесувањето на дел од присутните млади луѓе. Наместо веднаш да се евакуираат, некои од гостите продолжиле да пеат, скокаат и да се забавуваат, додека плафонот над нив веќе бил зафатен од оган.

На видеото се гледа како повеќемина со мобилните телефони го снимаат пожарот, а еден од присутните се обидува да го изгасне огнот со својата маица. Во позадина се слуша глас кој извикува „Гори, гори“, додека музиката сè уште свири.

Според изјавата на шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, барот имал повеќе од еден излез за евакуација, но во настанатата паника поголем дел од луѓето не успеале да ги пронајдат и се обидувале да излезат преку главниот влез.

Во трагичниот пожар, кој се случи на новогодишната ноќ, животот го загубија 40 лица, а 119 се повредени. Точниот број на лица кои се наоѓале во локалот во моментот на несреќата сè уште не е утврден.

Надлежните служби ја продолжуваат истрагата за причините за брзото ширење на пожарот. Се испитува и дали материјалот на плафонот, односно поставената пена, бил во согласност со безбедносните прописи и дали имал улога во трагедијата. Дополнително, швајцарските власти не ја исклучуваат можноста пожарот да бил предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.

Видеото може да го погледнете тука

Related Posts

„Орион“ се враќа од орбита околу Месечината: Слетувањето закажано за сабота

„Орион“ се враќа од орбита околу Месечината: Слетувањето закажано за сабота

10.04.2026
Иран отворен за дијалог откако САД ја засилија воената присутност на Блискиот Исток, тврди Трамп

Трамп: Иран не смее да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец

10.04.2026

Саудиска Арабија со намален нафтен капацитет за речиси 100.000 барели помалку по нападите врз клучни енергетски објекти

10.04.2026
САД подготвуваат долгорочни операции против Иран

Трамп разгледува можност да ги повлече американските трупи од Европа

10.04.2026
Целосно воведување на ЕУ системот за влез и излез: Сè што треба да знаете за EES

Од денес целосна имплементација и употреба на EES системот за влез во ЕУ

10.04.2026

Бомба од Белата куќа: Доналд Трамп ги повлекува американските војници од Европа?

09.04.2026

Препорачани Вести

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации

2 месеци ago

Апсење на Граничен премин Табановце – МВР со детали

1 месец ago

Популарни Вести

  • Македонија со пониски цени на горивата од европскиот просек: Во ЕУ, дизелот поскап за 30%, бензинот за 15%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим за Велигден утре во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ноќна масовна тепачка на крстосница во Кичево: Две лица со повреди, девет приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јаков Јозиновиќ ја разгоре „Јане Сандански“: Концертот во Скопје полн со емоции и еуфорија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Орион“ се враќа од орбита околу Месечината: Слетувањето закажано за сабота

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.