Friday, January 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Шокантна снимка од пожарот во бар во Швајцарија: Гостите играле и снимале додека плафонот бил во пламен

by Redakcija
02.01.2026
in Свет

Нова видео снимка од почетокот на пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана открива вознемирувачки сцени од однесувањето на дел од присутните млади луѓе. Наместо веднаш да се евакуираат, некои од гостите продолжиле да пеат, скокаат и да се забавуваат, додека плафонот над нив веќе бил зафатен од оган.

На видеото се гледа како повеќемина со мобилните телефони го снимаат пожарот, а еден од присутните се обидува да го изгасне огнот со својата маица. Во позадина се слуша глас кој извикува „Гори, гори“, додека музиката сè уште свири.

Според изјавата на шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, барот имал повеќе од еден излез за евакуација, но во настанатата паника поголем дел од луѓето не успеале да ги пронајдат и се обидувале да излезат преку главниот влез.

Во трагичниот пожар, кој се случи на новогодишната ноќ, животот го загубија 40 лица, а 119 се повредени. Точниот број на лица кои се наоѓале во локалот во моментот на несреќата сè уште не е утврден.

Надлежните служби ја продолжуваат истрагата за причините за брзото ширење на пожарот. Се испитува и дали материјалот на плафонот, односно поставената пена, бил во согласност со безбедносните прописи и дали имал улога во трагедијата. Дополнително, швајцарските власти не ја исклучуваат можноста пожарот да бил предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.

Видеото може да го погледнете тука

Next Post

Зимска опасност на коловозите: ЦУК предупредува на голомразица

Градоначалникот Коњановски се приклучи на подготовките за Бадниковата поворка во Битола

Препорачани Вести

Престрелка на Бит-пазар: Две групи пукале меѓу себе, во престрелката повредено едно лице

75.500 денари „исчезнале“ од обложувалница во Брвеница – полиција на терен

3 months ago
Русија бара меѓународно признавање на окупираните украински територии

Русија бара меѓународно признавање на окупираните украински територии

4 months ago

Популарни Вести

  • Грабеж на векот во Германија: 90 милиони евра украдени од банкарски сефови во Гелзенкирхен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа студен бран на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финска уапси членови на екипажот на „Фитбург“ по оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедии во ноќните клубови: Од Кран-Монтана до Кочани, пиротехниката причина за стотици жртви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејството на Акиле Бароси очајува, 16-годишникот исчезна по пожарот во Кран-Монтана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.