Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Тешка несреќа кај Бигорски: Има загинати, возило извлечено од Радика, патот во прекин

by Redakcija
02.01.2026
in Црна Хроника

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“ има загинати лица, а регионалниот пат Маврово – Дебар е целосно затворен за сообраќај.

Според информациите од АМСМ, од 18:30 часот сообраќајот е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило кое, по сообраќајната несреќа, завршило во водите на реката Радика. Возилото се извлекува со тешка механизација, а интервенцијата сè уште е во тек.

Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот, по што на местото веднаш пристигнале полициски службеници од Ростуше, командирот на полициската станица, како и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар со две возила и четворица пожарникари. Интервенирала и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше, информира Центарот за управување со кризи.

Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за причините за несреќата, ниту за точниот број на жртви. Надлежните институции најавуваат повеќе детали по завршување на увидот.

Извор: Слободен печат

Next Post

Шокантна снимка од пожарот во бар во Швајцарија: Гостите играле и снимале додека плафонот бил во пламен

Зимска опасност на коловозите: ЦУК предупредува на голомразица

Препорачани Вести

Претрес во Пробиштип, приведени две лица

Физичка пресметка во угостителски објект на Средно Водно

5 months ago
Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Турција – загина 14-годишно девојче, десетици повредени

Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Турција – загина 14-годишно девојче, десетици повредени

8 months ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Обилни дождови и поплави во Атина, загинаа две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Планирани прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово и тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јанкулоска: СЈО работеше политички, не по закон. Парадираа како холивудски ѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телма: Со гаранција во недвижен и движен имот од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во хрватска банка: Две жени краделе пари од клиентите 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.