Monday, January 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

420 милиони евра за автопат до Евзони: Грција ја стартува најголемата инфраструктурна концесија

by Redakcija
03.01.2026
in Балкан

Во Грција од денеска официјално започна 35-годишната концесија за најдолгиот автопат во земјата – Виа Игнација (Егнација Одос), со што грчката држава веднаш инкасираше околу 1,3 милијарди евра. Концесионерскиот договор предвидува вкупни инвестиции од над 3,4 милијарди евра, од кои 420 милиони евра се наменети за надградба и изградба на современ „затворен“ автопат кон Евзони, односно до границата со Македонија.

Концесијата е доделена на компанијата „NEA EGNATIA ODOS PARACHORISI S.A.“, предводена од GEK TERNA и EGIS PROJECTS, која во следните 35 години ќе управува со Виа Игнација и нејзините три главни вертикални оски. Договорот опфаќа итна исплата од 1,275 милијарди евра кон грчката држава, повеќе од 1,8 милијарди евра за тешко одржување и дополнителни 420 милиони евра за итни надградби и нови инфраструктурни зафати.

Посебно значајно за Македонија е тоа што околу 50 километри од трасата Чаластра – Евзони ќе се трансформираат во модерен автопат со високи безбедносни стандарди. Проектот беше тема на разговор меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Христос Димас, за време на неодамнешните средби во Атина.

Во рамки на надградбите, планирана е изградба на 16 нови бензински станици и 12 современи места за одмор, како и значителни интервенции на асфалтот, мостовите, тунелите и безбедносните бариери долж целата траса. Проектот опфаќа над 1.000 километри патишта и има за цел трансформација на постојната инфраструктура во модерна и безбедна мрежа од европска класа.

Грчката влада оценува дека концесијата не претставува само приватизација, туку и силен инвестициски циклус што ќе ја зајакне националната економија, ќе придонесе за намалување на јавниот долг и ќе ја подобри поврзаноста на Северна Грција со соседните земји. Егнација Одос, долга 670 километри, останува клучна сообраќајна артерија што ги поврзува Јонското Море со турската граница и претставува еден од најкомплексните инфраструктурни проекти во грчката историја.

Се очекува модернизацијата на автопатот, особено делницата кон Евзони, да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стока и патници, со директно позитивно влијание врз трговијата и транзитната улога на Македонија, како и врз поврзаноста со Солунското пристаниште и европските пазари.

Next Post
pari

Новата валута во Бугарија го отвори стравот од поскапувања

Смртоносниот пожар во Кранс-Монтана: шишиња со прскалки и запалива пена предизвикаа катастрофа

Препорачани Вести

Министерството за енергетика со нов систем за заштита на најзагрозените потрошувачи

4 months ago

Мала ракета, голема заштита: Европа се подготвува за одбрана од дронови

2 months ago

Популарни Вести

  • Рубио со јасна порака: Венецуелската нафта да им служи на граѓаните на Венецуела, не на Русија, Кина и Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илон Маск со објава од вечера со Трамп и Меланија во Мар-а-Лаго: „2026 ќе биде неверојатна!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Онлајн трговец заработил богатство обложувајќи се на падот на Мадуро – од 30.000 до над 400.000 долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на OpenAI тврди: „ChatGPT наскоро ќе може работи што човекот не може

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вил Смит пријавен за сексуално вознемирување – започната постапка по пријава од маж

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.