петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ЦУК: Замрзнати коловози предизвикаа над 20 сообраќајни незгоди во тетовско-гостиварскиот регион

by Redakcija
03.01.2026
in Црна Хроника

Поради пад на температурите и замрзнати коловози, во изминатото деноноќие во северозападниот дел на земјата беа регистрирани бројни проблеми во сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Полициската станица Тетово биле пријавени четири сообраќајни незгоди со материјална штета, меѓу кои две на автопатот Тетово–Гостивар, вклучувајќи и една верижна незгода со 10 возила. По една незгода е евидентирана на локалниот пат Пирок–Боговиње и на патот Тетово–село Требош. Од Полициската станица Гостивар биле пријавени 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид, а за пет не бил побаран поради договор меѓу страните.

Граѓани од Тетово, Гостивар и околните населени места пријавувале замрзнати споредни и локални улици. Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапил во контакт со општините Тетово, Гостивар и Желино, каде биле ангажирани фирми за зимско одржување и вршење посолување по приоритети. Во Гостивар, поради недоделен тендер, фирмата „Магнум Транс“ интервенирала доброволно за да се отстрани проблемот.

Од „Македонија пат“ информираат дека екипите од Тетово, Попова Шапка и Гостивар континуирано интервенираат на автопатите и регионалните патишта. Поради снежни врнежи, на правецот Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема.

По 22:30 часот не се пријавени нови инциденти. ЦУК апелира до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината и задолжително да користат зимска опрема.

Related Posts

Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

10.04.2026

Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

10.04.2026

Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка приведена

10.04.2026

Инцидент на кошаркарски меч: 24-годишник повреди 13-годишно дете

10.04.2026

Ноќна масовна тепачка на крстосница во Кичево: Две лица со повреди, девет приведени

10.04.2026

Судир на две возила во Скопје – млад возач заврши во Болница

09.04.2026

Препорачани Вести

Марко Рубио: Трамп го поддржува Виктор Орбан пред изборите во Унгарија, најавува „златна ера“ во односите

Марко Рубио: Трамп го поддржува Виктор Орбан пред изборите во Унгарија, најавува „златна ера“ во односите

2 месеци ago

Законот за прекршоци пред Уставниот суд: „Сејф сити“ критикуван за дискриминација

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка приведена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најфреквентни Табановце и Богородица: Повеќе од 16.000 македонски граѓани ја напуштиле државата во последните 24 часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На чело на делегацијата на САД, Џеј Ди Венс патува кон Пакистан на преговори со Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.