Sunday, January 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ЦУК: Замрзнати коловози предизвикаа над 20 сообраќајни незгоди во тетовско-гостиварскиот регион

by Redakcija
03.01.2026
in Црна Хроника

Поради пад на температурите и замрзнати коловози, во изминатото деноноќие во северозападниот дел на земјата беа регистрирани бројни проблеми во сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Полициската станица Тетово биле пријавени четири сообраќајни незгоди со материјална штета, меѓу кои две на автопатот Тетово–Гостивар, вклучувајќи и една верижна незгода со 10 возила. По една незгода е евидентирана на локалниот пат Пирок–Боговиње и на патот Тетово–село Требош. Од Полициската станица Гостивар биле пријавени 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид, а за пет не бил побаран поради договор меѓу страните.

Граѓани од Тетово, Гостивар и околните населени места пријавувале замрзнати споредни и локални улици. Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапил во контакт со општините Тетово, Гостивар и Желино, каде биле ангажирани фирми за зимско одржување и вршење посолување по приоритети. Во Гостивар, поради недоделен тендер, фирмата „Магнум Транс“ интервенирала доброволно за да се отстрани проблемот.

Од „Македонија пат“ информираат дека екипите од Тетово, Попова Шапка и Гостивар континуирано интервенираат на автопатите и регионалните патишта. Поради снежни врнежи, на правецот Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема.

По 22:30 часот не се пријавени нови инциденти. ЦУК апелира до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината и задолжително да користат зимска опрема.

Next Post

Приведен маж кој со остар предмет се заканувал на градоначалник

Мицкоски: Ново зголемување на платите во здравството и образованието

Препорачани Вести

Отворен оглас за 400 пожарникари: Шанса за вработување со можност за професионален ангажман

6 months ago

Агриа гради доверба „од фарма до трпеза“ под водство на Караѓорѓиевска

6 months ago

Популарни Вести

  • ШОКАНТНО: 14-годишно девојче е најмладата жртва на смртоносниот пожар во Кран-Монтана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шокантен пресврт во Венецуела: Мадуро е заробен во тајна ноќна операција – што следува сега?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белградските медиуми блиски до власта со напад врз Македонија – ‘Банана државата го слави падот на Мадуро во Венецуела’!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувани уште 16 жртви од катастрофалниот пожар во Кран-Монтана – меѓу нив и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Волково – моторно возило усмрти пешак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.