67-годишна жена од Скопје пријавила дека била жртва на грабеж на подрачјето на скопски Центар.
Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера, на 1 јануари 2026 година, во 14:30 часот во СВР Скопје. Жената навела дека околу 13:30 часот, на улица во централното градско подрачје, била нападната од непознато лице кое со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.










