Планинарот од Прилеп, кој претпладнево беше пријавен за исчезнат на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“, е пронајден жив и здрав во населеното место Ниже Поле.
Информацијата ја потврди директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, кој изјави дека планинарот најверојатно се движел по друга патека и самостојно пристигнал во селото.
– Во еден период планинарот беше достапен на телефон, по што сигналот се изгуби. Случајот беше пријавен во СВР Битола и екипи на Националниот парк излегоа на терен. Околу 15:50 часот добивме потврда дека лицето безбедно стигнало во Ниже Поле, изјави Тошевски.









