Thursday, January 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонија го забрзува железничкиот коридор 8: прва пруга до 2028 година

by Redakcija
03.01.2026
in Економија, Топ Вести

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека работите на проектот за брза пруга во Македонија веќе се во тек, со планирање започнато во октомври минатата година. Според него, до лето ќе заврши подготовката и првите багери ќе се појават на терен. Проектот за брза пруга од север кон југ треба да биде завршен во 2031 година, а една колосечна пруга ќе стане функционална веќе во 2028 година.

– Сега се работи најважниот дел кој не се гледа за граѓаните – добро планирање. Кога планирањето е квалитетно, проектот оди брзо и во рок. Пример за успешни проекти се автопатите Демир Капија – Смоквица и Скопје – Штип, рече Николоски.

Во врска со Коридор 8, тој истакна дека македонските и бугарските железници интензивно работат на изградбата на меѓуграничниот тунел. Двете страни се ангажирани на документацијата и тендерските постапки. Од бугарска страна неодамна е ратификуван договорот, но политичката криза и падот на тамошната влада го забавуваат процесот. Сепак, железничките тимови од двете земји продолжуваат со работа, а наскоро треба да се формира Комитет кој ќе ја заврши документацијата за тунелот, базирана на проектот изработен од Македонски железници.

Вкупната инвестиција за целосно поврзување на Скопје и Софија се проценува на над 2 милијарди евра, од кои 810 милиони се обезбедени од македонска страна, а 1,2 милијарди евра од бугарска страна. Проектите се дел од стратешкиот план за унапредување на железничката инфраструктура и регионалната поврзаност.

Next Post

Апсење во Венецуела во живо: Трамп ја следеше акцијата од Мар-а-Лаго

Мелони: Воена акција надвор од границите не е решение, но дефанзивна интервенција е легитимна

Препорачани Вести

Финансиски хороскоп за Мај – 2025: Припадниците на овие 6 хороскопски знаци ги очекува најголема заработка

Финансиски хороскоп за Мај – 2025: Припадниците на овие 6 хороскопски знаци ги очекува најголема заработка

9 months ago

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија и Италија за користење на ЕУ фондови

7 months ago

Популарни Вести

  • Ски стазата Копанки побеле, Пелистер во зимска идила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жена дивеела во казино во Тетово, фрлала предмети кон вработен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 14,9 милиони денари, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТАНКЕРОТ ПОРАДИ КОЈ РУСИЈА И САД СЕ НА РАБОТ не превезувал нафта, туку…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Србија ќе биде прва во Европа со нов одбранбен систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.