Sunday, January 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Мицкоски: Ново зголемување на платите во здравството и образованието

by Redakcija
03.01.2026
in Економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори – образованието и здравството.

Тој нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.

-Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резултат на договорите што веќе ги имаме потпишано со синдикатите, односно со репрезентативните синдикати, и тоа се договори за период од четири години, конкретно во образованието за 2025, 2026 и 2027, во зависност од од капацитетот на буџетот, усогласувањето, односно зголемувањето ќе биде меѓу 7,5% и 10%, а во 2028 меѓу 10% и 12,5%, што е четиригодишен договор потпишан со репрезентативните синдикати, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за за „Вечер.мк“.

Мицкоски потсети дека во текот на оваа година зголемување на платите добија и припадниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, што е јасен показател за системски пристап кон унапредување на платите во јавниот сектор.

-Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството; ќе потсетам дека оваа година и припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите, како и припадниците во Министерството за одбрана, односно во армијата, и така натаму, така што апсолутно се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности и така ќе продолжиме и во иднина, а го фасилитираме и социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите, истакна Мицкоски. 

Next Post

Први реакции за Мадуро од Европскара Унија

Патнички автобус излета од патот во Нова Пазова

Препорачани Вести

Зеленски: Украина повеќе не може со сила да ги врати окупираните територии

5 months ago

Суперџудо со моќен настап и осум медали на Струга Опен

7 months ago

Популарни Вести

  • Шокантен пресврт во Венецуела: Мадуро е заробен во тајна ноќна операција – што следува сега?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белградските медиуми блиски до власта со напад врз Македонија – ‘Банана државата го слави падот на Мадуро во Венецуела’!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувани уште 16 жртви од катастрофалниот пожар во Кран-Монтана – меѓу нив и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Волково – моторно возило усмрти пешак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарите во првите 2 дена од евро-зоната повлекле над 42 милиони евра од банкомати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.