Вчера околу 09:30 часот во село Лажани, општина Долнени, полицијата лиши од слобода двајца мажи поради пукање од возила за време на семејна веселба. М.С. (36) и С.Б. (29), двајцата од Лажани, биле дел од колона возила кога испукале повеќе куршуми од огнено оружје.
Според МВР, М.С. управувал со „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. со „мерцедес“ со германски ознаки. Од М.С. бил одземен гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар 9мм, додека од С.Б. е одземен пиштол „Walther“ со 12 куршуми калибар 9мм.
Случајот е пријавен кај јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против двајцата мажи.









