Пожар на оџак во станбена зграда во Штип предизвика повреди кај две лица, кои поради вдишување чад биле пренесени на лекување во Скопје.
Според информациите од СВР Штип, случајот бил пријавен на 2 јануари 2026 година во 15:01 часот, а пожарот избувнал околу 6 часот наутро во стан на улицата „9 Мај“, сопственост на 41-годишниот С.А. од Штип.
Поради задушување од чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестрата С.Д. (39), двете од Штип, биле спроведени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Во пожарот бил зафатен и соседен стан, сопственост на 61-годишниот Л.К. од Штип. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Штип.










