Дел од југозападниот Берлин остана без струја по голем пожар на кабелска инфраструктура, кој го парализираше снабдувањето за околу 45.000 домаќинства и 2.200 фирми. Германската полиција истражува можен намерен напад откако се појави писмо во кое непозната група ја презема одговорноста.
Инцидентот се случи во саботата наутро, кога пожарот избувнал на кабелски мост во близина на термоелектрана, оштетувајќи високонапонски кабли. Случајот е преземен од службата за државна безбедност („Staatsschutz“), која проверува дали писмото со признание е автентично и дали има политички мотив.
Мрежниот оператор „Stromnetz Berlin“ предупреди дека околу 35.000 домаќинства ќе останат без струја уште неколку дена, а погодени се населбите Николасзе, Целендорф, Ванзе и Лихтерфелде. Сенаторката за економија, Франциска Гифај, ја оцени ситуацијата како „исклучително сериозна“, истакнувајќи дека без струја се и болници, социјални установи и центри за нега.
Поправките се дополнително отежнати поради ниските температури и замрзнатата почва, а во спортски центар во градот е отворено прифатилиште за граѓаните кои останале без греење и електрична енергија. Екипите за итни интервенции предупредуваат дека целосното враќање на снабдувањето со струја може да потрае со денови.








![Само еден збор: Вака изгледа надгробниот споменик на папата Франциск, има посебна симболика [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-26-001332.png)

