Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УЈП оствари рекордни приходи: Собрани 4,42 милијарди евра во 2025 година

by Redakcija
03.01.2026
in Економија

Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека во 2025 година во националниот буџет се собрани вкупно 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е за 308,3 милиони евра повеќе отколку во 2024 година.

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, со раст од 7,5% или 163,2 милиони евра повеќе од претходната година. Најголем дел од растот е забележан во втората половина на годината, кога се реализирани околу четири петтини од годишниот пораст.

Приходите од ДДВ бележат стабилен раст, со месечни порастувања од 10 до 13 проценти, додека кај данокот на добивка е забележан пораст над 30% поради аконтативните плаќања и зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи кон странски партнери.

Во делот на данокот на личен доход најголемо учество има данокот на плати, кој бележи стабилен раст над 10%, како и приходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Социјалните придонеси достигнаа 2 милијарди и 92 милиони евра, што е за 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5%. Овие резултати се припишуваат на навремена наплата, рано интервенирање и доследна примена на законските мерки.

УЈП најави дека во 2026 година ќе продолжи со активности за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи.

Next Post

Прекин на струја во Берлин: Полицијата сомнева на намерен напад

Трамп потврди: Мадуро е уапсен!

Препорачани Вести

Мицкоски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

10 months ago

Кривична пријава против полициски службеник од СВР Тетово

3 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.