Од почетокот на 2026 година, во Србија стапија на сила нови и повисоки цени на патарините на сите автопатски правци, што значи дека патувањето со автомобил по државните магистрали ќе чини повеќе отколку претходно.
Според објавениот ценовник на „Патишта на Србија“, промените важат за сите категории возила и се применуваат во зависност од должината на патувањето – односно на кој наплатен излез ќе се напушти автопатот.
Новите тарифи се во сила од 1 јануари, од 07:00 часот наутро, а информации и детали за наплатните станици и износи може да се најдат на официјалната веб-страница на јавното претпријатие.
Како пример, патарината од Прешево до Белград за патнички автомобили сега чини околу 2 060 динари, а ако се продолжи до Суботица, додатно се плаќа уште околу 850 динари.
Ова е уште една ревизија на цените на патарините претходно, цените последен пат беа корегирани на 4 јули минатата година.
Зголемените патарини значат повисоки трошоци за патници, туристи и товарни возила кои користат српските автопати, особено за оние кои често патуваат или поминуваат низ оваа земја на релации кон Западна Европа или накај југ.










