На 05.01.2026 во 00:10 часот во с.Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Љ.А.(33) од с.Пршовце, тетовско. Тој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казата.









