Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Бугарија го нарече македонскиот јазик „ДОСТАПЕН ЈАЗИК“ за граѓаните на Македонија

by Redakcija
05.01.2026
in Балкан

Бугарските власти преку соопштение објавено на интернет страницата на бугарското Министерство за надворешни реагираше на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која тој  рече дека на Бугарија ѝ пречело тоа што на македонски јазик е напишан Акцискиот план за малцинства, испратен од Македонија до Софија.

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година.

„Република Бугарија со загриженост ги забележува последователните тези на властите во Скопје, кои остро се разминуваат со есенцијата на Европскиот консензус од 2022 година“ , се наведува во соопштението.

Во него бугарската страна не со  споменува македонскиот јазик, туку наведува „достапен јазик“ за граѓаните на Македонија.

„Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од С Македонија е внатрешно прашање на земјата и не е тема на билатералните односи. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив“, се вели во соопштението.

Бугарија исто така наведува дека Планот за правата на заедниците бил претставен на англиски јазик.

„Изборот на Скопјe да им го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планирано реално да се спроведе“, се наведува во соопштението.

Next Post

Вучиќ: Во Венецуела се урна меѓународниот поредок, силата стана единствено правило

Адвокатот на Џулијан Асанж во одбраната на Мадуро пред американски суд

Препорачани Вести

Разнесен банкомат со експлозив – граѓаните се разбудиле од силна детонација

8 months ago

Меџити: ВЛЕН го отвори изборниот штаб во Кичево и ја претстави кандидатурата на Фатмир Лимани

6 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.