Данската премиерка Метe Фредериксен предупреди дека каков било воен напад од страна на САД врз НАТО сојузник би бил крај на „сè“, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за желбата да го анектира Гренланд.
– Ако Соединетите Држави решат да нападнат друга НАТО земја, тогаш сè ќе запре — тоа вклучува и НАТО, а со тоа и безбедноста што ја обезбедува системот по Втората светска војна, изјави Фредериксен за данската телевизија TV2.
Премиерката истакна дека нејзината влада прави „сè што е можно за да се спречи таков сценарио“.










