Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Граничниот премин Евзони вечерва блокиран поради протести на грчките земјоделци

by Redakcija
05.01.2026
in Балкан

За вечерва, 5 јануари 2026, е најавена нова четиричасовна блокада на граничниот премин „Евзони“ (Богородица) поради протестите на грчките земјоделци. Ограничувањата треба да траат од 18:00 до 22:00 часот по македонско време (19:00–23:00 по грчко).

Иако блокадата е најавена првенствено за товарниот сообраќај, претходните денови покажаа дека колони и застои се создаваат и за патничките возила, особено во вечерните термини. Паралелно, ограничувања се најавуваат и на други премини во северна Грција, вклучувајќи го и Ники (Меџитлија).

За утре, 6 јануари, медиумите најавуваат непречено движење преку Евзони, но земјоделците предупредуваат на можни нови блокади на клучни сообраќајници и царински пунктови на 8 и 9 јануари.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска свика вонредна средба во премиерската зграда „Максимос“ за да ја разгледа ситуацијата и можните мерки на Владата.

Македонските граѓани кои планираат патување вечерва се советуваат да го одложат патот или да имаат резервен план преку други премини, бидејќи состојбата на терен се менува брзо.

Извор: Рацин.мк

Next Post

ЈСП информира за работното време на автобусите и билетарниците за празниците

Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

Препорачани Вести

Финска во паника: Руски борбени авиони навлегле на нејзина територија

8 months ago
ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка, поведена истрага

3 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.