Thursday, January 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

by Redakcija
05.01.2026
in Република

Битола, 05.01.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на аерозагадувањето се меѓу врвните приоритети на неговиот мандат. Во таа насока, денес започна реализацијата на регионалниот модел за управување со отпад, со инвестиција од околу 11 милиони евра во опрема за селекција и транспорт.


‘Проектот ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион и е директно поврзан со идниот регионален центар за управување со отпад во Новаци, како и со претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар’, изјави Хоџа, додавајќи дека 2026 година ќе биде клучна за поставување на основната инфраструктура.


Министерот Хоџа најави дека во тек е подготовка на јавна постапка за регионалната депонија за Пелагонискиот и Југозападниот регион, која треба да биде реализирана во рок од шест месеци.
‘Паралелно, се финализира постапката за депонијата во Полошкиот регион во Русино, а објавен е и јавен повик за депонијата во Свети Николе, која ќе ги опфати Североисточниот и Источниот регион’’, рече Хоџа.


На настанот во Битола, каде што присуствуваше и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Хоџа изјави дека со започнувањето на изградбата на три регионални депонии во 2026 година, државата влегува во нова ера на модерно, одржливо и европски усогласено управување со отпад.
Министерот упати благодарност до ЕБОР, SECO, Инвестициската рамка за Западен Балкан, Владата на Шведска, преку кои се обезбедени околу 90 милиони евра за изградба на овие центри, како и до локалните самоуправи и јавните комунални претпријатија, при што упати апел за широка соработка со сите чинители во државата за почиста и поздрава животна средина.

Next Post

Инцидент на „Илинденска“ во Тетово: приведено едно лице

Коњановски: Коледарскиот оган во Буковски Ливади е симбол на традицијата и заедништвото

Препорачани Вести

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп и му го честиташе роденденот: „Ти си извонреден лидер“

7 months ago

Васил го украл автомобилот од дома, неговите родители тврдат дека не му дозволувале да вози без возачка

11 months ago

Популарни Вести

  • Млада скопјанка „оперирала“ низ цела држава: МВР расчисти 12 измами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовски медиуми открија каде се крие Артан Груби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово меѓу градовите со најмногу случаи на грип во земјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загреб реагира: Нема воен блок против Србија, туку дијалог и регионална стабилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.