Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Искусниот воен пилот Малезански ја засилува ДЗС, следува оглас за нови пилоти

by Redakcija
05.01.2026
in Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување во новата 2026 година влегува со засилен авио-капацитет, откако пензионираниот армиски полковник и воен пилот Роберт Малезански станува дел од институцијата. Малезански, со договор со директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, ја прекинал воената пензија и се вработува професионално како раководител на авио-одделението, активен пилот и член на најтесниот кабинет на директорот.

Во текот на својата богата воена кариера, Малезански управувал со повеќе типови летала, меѓу кои борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ-21“, „сухој-25“, како и борбени хеликоптери „Ми-17“ и „Ми-24“, но и различни спортски авиони. Имал и повеќе командни функции, меѓу кои и командант на Воздухопловниот винг на Армијата, а важи и за инструктор за летање и пробен пилот.

Со неговото ангажирање, ДЗС во 2026 година ќе располага со вкупно пет пилоти – тројца професионално вработени во авио-одделението и двајца пензионирани пилоти ангажирани со договор на дело.

Од Дирекцијата информираат дека е обезбедена согласност од Министерството за финансии за вработување на уште двајца пилоти за авионите „ер трактор“. Јавниот оглас за новите работни места ќе биде објавен дополнително.

Next Post

Вечерва повторно затворен Евзони, еве дали ќе има блокади за Бадник и Божиќ

Битола добива нови возила и опрема за подобра комунална хигиена

Препорачани Вести

Москва со директна закана до Западот: “Ова е реакција на вашите чекори”

Москва со директна закана до Западот: “Ова е реакција на вашите чекори”

6 months ago

Фатени двајца барани од Интерпол на граничниот премин Долно Блаце

5 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.