Wednesday, January 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонски Концепт иницира закон за стопирање на комунистичките симболи и идеологии

by Redakcija
05.01.2026
in Македонија
mk koncept

Партијата Македонски Концепт повика на донесување резолуција и закон со кој би се ставила точка на, како што велат, глорификацијата на комунистичкото минато во Македонија. Според нив, примерот на Полска и Чешка, кои со закон ја изедначиле комунистичката и нацистичката пропаганда, претставува патоказ за земјите што се стремат кон целосна интеграција во Европската Унија.

Првиот предлог на партијата е усвојување на резолуција во Собранието, а потоа и закон со кој, според Македонски Концепт, ќе се затвори правната празнина што досега овозможувала промовирање на тоталитарни идеи. Законското решение би ги забранило јавната употреба на комунистички симболи, како и организирањето говори или собири кои поттикнуваат омраза или нарушуваат човекови права, исто како што се третираат нацистичките идеологии.

Покрај тоа, партијата предлага и конфискација на економските и политичките привилегии стекнати во периодот на комунизмот, како и официјално признавање на криминалите извршени во тоа време. Се бара и забрана за финансирање на движења и политички субјекти кои, според нив, промовираат тоталитарни идеи.

Според Македонски Концепт, обвинувањата од левичарските кругови дека овие иницијативи претставуваат „напад врз демократијата“ се само начин да се избегне соочување со историското наследство. Тие истакнуваат дека вистинската заштита на демократијата не се мери со забрани или цензура, туку со јасно одвојување на отворениот политички дијалог од секоја форма на глорификација на тоталитарните режими.

Next Post
socijalni mediumi

ССНМ бара итна акција по организирани напади врз профилите на ‘Слободен печат’ на Инстаграм

mickoski

Мицкоски ќе го претстави планот за почисти улици: возила и контејнери за отпад

Препорачани Вести

Битола блескаше 70 дена – свечено затворање на „Битфест“

4 months ago
Меџити: Партнерите на владината коалиција ќе се кандидираат заедно и на локалните избори

Меџити до Ахмети: Ја заврши политичката кариера

3 months ago

Популарни Вести

  • МВР отвори постапка за фотографиите со верски обред врз полициски возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европските лидери со заедничка порака: Гренланд припаѓа на својот народ, без компромис за суверенитетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БЕЛАТА КУЌА:  ГРЕНЛАНД Е СТРАТЕШКА ЦЕЛ ЗА ТРАМП – „Воената опција е секогаш на маса”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска нема да испраќа војници во Украина, дури ни по евентуален прекин на огнот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Макрон, Стармер и Зеленски потпишаа декларација за можна мултинационална воена мисија во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.