Thursday, January 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонското МНР со остра реакција до Софија: Непризнавањето на македонскиот јазик е спротивно на европските вредности“

by Redakcija
05.01.2026
in Македонија, Топ Вести
mnr

Македонското Министерство за надворешни работи остро одговори на изјавите од Софија, откако бугарското МНР јавно соопшти дека не го признава македонскиот јазик. Од Скопје порачаа дека вакви ставови се чекор назад и дека од земја-членка на Европската унија очекуваат однесување во духот на европските вредности, меѓу кои и целосно почитување на јазичниот и културниот идентитет на соседите.

Во реакцијата се нагласува дека Македонија и понатаму останува пример на европско ниво кога станува збор за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците. Како што наведуваат од МНР, државата е препознаена од релевантни меѓународни институции по инклузивните политики и посветеноста на еднаквоста, и таа насока нема да се менува.

„Нашата определба е јасна – општество засновано на еднакви можности, инклузија и доследна примена на политики во интерес на сите граѓани“, порачуваат од Министерството.

Од таму потсетуваат и дека земјава строго се придржува до европските правила и принципот на напредување според заслуги во процесот на проширување на Европската унија. Како конкретен доказ го посочуваат Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на заедниците, кој е изработен на македонски и англиски јазик, со учество на домашни и странски експерти и во тесна соработка со Советот на Европа и Европската комисија.

Документот, според МНР, содржи прецизни мерки, јасни рокови и утврдени институционални надлежности и е целосно усогласен со највисоките европски и меѓународни стандарди. Процесот на негово креирање траел во повеќе фази од 2023 година, а финалната верзија интензивно се доработувала во втората половина од 2025 година.

Во текот на целиот процес, додаваат од Министерството, активно биле вклучени експерти од областа на меѓународното право, човековите и малцинските права, при што и Советот на Европа и Европската комисија оцениле дека планот ги опфаќа сите релевантни европски стандарди.

Со оваа реакција, македонското МНР испраќа јасна порака дека земјава нема да отстапи од европскиот пат, ниту од заштитата на својот јазик и идентитет.

Next Post
gorivo

Поевтинуваат бензините и дизелот: Нови пониски цени на горивата од 6 јануари

jd vance

Пукање во домот на потпретседателот Ванс: Еден уапсен, засилена безбедност во Синсинати

Препорачани Вести

Американските напади во Карипското Море и Пацификот оставија повеќе од 60 мртви

Американските напади во Карипското Море и Пацификот оставија повеќе од 60 мртви

2 months ago

Осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар–Тетово

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Бејта со силна поддршка од граѓаните на Чегране, Форино и Чајле

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црна Река се излеа: Големи поплави во Бараково и Граиште, загрозени куќи и земјоделски површини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Кораб откриен критично загрозен вид кокичар, меѓу новите видови на растенија и габи во 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данска активира стар закон: Брз одговор на секој напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четири патишта како Европа може да се справи со американските амбиции во Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.