Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Патарините во Грција поскапуваат – еве колку ќе ве чини патот до море

by Redakcija
05.01.2026
in Балкан

Грчките власти започнаа со примена на новиот ценовник за патарините на автопатот „Егнација Одос“. Цените на наплатните рампи се зголемени во просек за 20 проценти, што директно ќе влијае врз трошоците на македонските туристи кои патуваат кон познатите летувалишта.

Првата промена патниците ќе ја почувствуваат веднаш по преминот Евзони. Првата наплатна рампа, лоцирана на само 500 метри од границата, сега наплаќа 2,95 евра за автомобили, што е зголемување за 55 центи.

На обиколницата во Солун (Ореокастро), патарината за автомобили сега изнесува 0,65 евра, додека кај Аспровалта цената е зголемена од 1,1 на 1,40 евра.

Колку ќе ве чини патувањето до најпопуларните дестинации:

Атина: За патување од Солун до главниот град ќе треба да поминете 11 рампи и да платите вкупно 33,25 евра.

Халкидики: Ако патувате преку обиколницата, вкупниот трошок е 3,60 евра (2,95 на Евзони и 0,65 на обиколницата). Преку центарот на Солун се плаќа само на Евзони.

Тасос: Од Евзони има пет наплатни рампи со вкупна цена од 8,55 евра. Преку Дојран, трошокот е 5,90 евра.

Лефкада: Осум наплатни станици ќе ве чинат вкупно 17,10 евра.

Крф, Парга и Врахос: Патарината до овие дестинации изнесува вкупно 13,25 евра.

Next Post

Уапсен 35-годишен маж осомничен за кражба во црквата „Света Богородица“

„Мерцедес“ се запалил во движење кај Тетово

Препорачани Вести

Киев ги откри предлозите за мировни преговори со Русија на 2 јуни во Истанбул

8 months ago
Што ќе се случи со вашето тело и здравје доколку секој ден јадете по неколку ореви?

Што ќе се случи со вашето тело и здравје доколку секој ден јадете по неколку ореви?

11 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.